fbpx

Нема одговори од ВМРО-ДПМНЕ од каде им се милионите, но има видлива паника

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

ВМРО-ДПМНЕ не одговори од каде има пари за имот вреден 11 милиони евра и да плаќа 630 илјади долари за ПР и лоби услуги на странски компании?

Како додека граѓаните мака мачат со неплатените сметки, со извршителските блокади и не можат да обезбедат кров над глава ВМРО-ДПМНЕ се расфрла со милиони?

Дали странските лоби и ПР компании на ВМРО-ДПМНЕ се платени со пари на граѓаните?

Колку граѓаните на Македонија, кои немаат основна здравствена заштита и дишат загаден воздух, ги чини платената средба на Груевски во САД каде што му кажаа дека треба се вратат демократските принципи во Република Македонија?

Меѓународната заедница точно посочува кој е виновникот за катастрофланата состојба во Македонија, за задушената слободата на медиумите, изборните нерегуларности, судството….

Оттука е паниката во ВМРО-ДПМНЕ којашто не можат да ја скријат ниту скапо платените кампании.

Колкав е стравот кај Никола Груевски покажуваат и нарачаните истражувања на партиската испостава на ВМРО-ДПМНЕ, така наречениот Институт „Павел Шатев“ којшто глуми дека спродува некакво јавно истражување а во суштина лаже.

Доаѓаат промени коишто носат правда и почитување на законите. Најголем страв кај Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ предизцикува сознанието дека секој што го прекрши законот ќе одговара.

Граѓаните знаат. Збогум Никола!

 

Скопје, 14.01.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести