Соопштение за јавност
ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение признава дека Ставрески и Груевски ги задолжија граѓаните за нови 15.5 милиони евра нето долг.
Граѓаните знаат дека на 22 декември 2015 година е поднесена тужба до Управниот Суд против одлуката на ДИК, којашто беше донесена од состав со истечен мандат и надвор од неговите законски должности.
Сите задолжувања коишто немаат согласност од дополнителниот заменик министер за финансии, Кире Наумов ќе бидат предмет на дополнително законско преиспитување од апсект на нивно третирање како законски јавен долг.
ВМРО-ДПМНЕ треба да им објасни на граѓаните дека со ваквото темпо на задолжување веќе во месец мај ќе биде реализиран целиот дефицит којшто е планиран за 2016 година.
Во проектот Вистината за Македонија слушнавме како Ставрески истура 200 милиони евра за изборна корупција.
Со постојаното задолжување на граѓаните, Груевски и Ставрески ја ставија во залог иднината на младите генерации.
ВМРО-ДПМНЕ, Груевски и фамилијата се директно фатени во криминали и корупција и набргу ќе одговараат за сите злосторства коишто им ги направија на граѓаните и државата.
Во интерес на граѓаните, СДСМ преку своите министри и дополнителни заменици министри ќе направи се за да спречи било каков обид за предизборна и изборна корупција.
Скопје, 13.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА