Соопштение за јавност
30 дена провладиниот Курир молчи како и на кој начин го финансира.
Додека граѓаните тонат во сиромаштија, Курир добива милиони евра од Груевски и Мијалков.
Зошто „Курир“ молчи? Што крие?
Креирајќи лажна реалност, главните уредници на провладините гласила, Груевски и Мијалков им украдоа 10 години живот на граѓаните на Р.Македонија, додека тие се возат во мерцедеси од 600 000 евра.
30 дена Курир крие од каде му се милионските приходи од 1.3 милиони евра.
Додека бизнисите на фамилијата и Груевски вртат вртат милионски приходи, 10 000 фирми во Македонија се затворија заради арач политиките на власта во заминување.
Ако зборува за приходот од 1.3 милиони евра Курир треба да ја открие поврзаноста со Мијалков, затоа со денови молчи и се крие.
Фирмата сопственик на Курир, ЕМ МЕДИА ДОО Скопје е поврзана со фирмата НВСП, којашто пак е основач на агенцијата за обезбедување СГС.
Зад агенцијата за обезбедување СГС стои братучедот на Груевски, Мијалков.
Сопственик на фирмата НВСП, основачот на СГС е Владислав Стајковиќ којшто е во блиска релација со кумашинот на Мијалков, Жарко Луковски, главен и извршен директор на Т-Мобиле Македонија.
Во Вистината за Македонија се покажа поврзаноста на фирмата на Стајковиќ, НСВП, со провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување опрема за прислушување од Израел.
Затоа Курир шири пропаганда и ги труе граѓаните со нарачани информации за некаква лажна реалност и ги штити криминалите и провизиите на своите наредбодаватели Груевски и Мијалков.
Наскоро ќе се дознае што е Курир, како се финансира и од чии пари.
Скопје, 12.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА