fbpx

Лаги од 617.000 евра на Радио Слободна Македонија?!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Радио Слободна Македонија, за две години остварило приходи од над 617.000 евра!

Радио Слободна Македонија за само една година, со само еден вработен, остварило приходи од 242 илјади евра!

Ова се официјални податоци од Централен регистар.

Ако не сакаат Курир и Република, може Радио Слободна Македонија сака да им каже на граѓаните како во време на незапаметена сиромаштија, фирма со еден вработен доаѓа до приход од 242.000 евра.

Јавноста знае дека еден од сопствениците на Радиото Слободна Македонија е фирмата НВСП.

НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС.

Зад СГС стои братучедот на Никола Груевски, Сашо Мијалков.

Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ.

Стајковиќ е близок до кумашинот на Мијалков, Жарко Луковски, главен и извршен директор на Т-Мобиле Македонија. Граѓаните слушнаа за поврзаноста на фирмата на Стајковиќ, НСВП, со провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување опрема за прислушување од Израел, во проектот Вистината за Македонија.

Фирмата НСВП е поврзана и со фирмата сопственик на Курир, ЕМ МЕДИА ДОО Скопје.

Курир исто така има огромни приходи од 1.300.000 милиони евра.

Само три владини медиуми, Курир, Република и Радио Слободна Македонија, за само три години оствариле приходи од 3.000.000 евра.

Никола Груевски и фамилијата преку пропагандата создаваат лажна реалност за да ги сокријат нивните криминали и богатења на грбот на осиромашените граѓаните.

И Радио Слободна Македонија ги објавува лагите на власта на Груевски, а ја крие вистината од граѓаните.

Дали Радио Слободна Македонија за 617.000 евра ги труе со граѓаните за да ја штити расипничката власт на Груевски и Мијалков или за многу повеќе?

Брзо ке стане јасно како се финансира Радио Слободна Македонија, за колку пари и од чии пари.

Скопје, 08.01.2016

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести