Соопштение за јавност
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев, за големите христијански празници Бадник и Рождество Христово, Божик, во свое име и во име на СДСМ, упати честитка до сите граѓани кои ги чествуваат, до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан и до членовите на Синодот, свештенството и монаштвото.
„Упатувам најискрени честитки за Бадник и Рождество Христово, Божик, до Вас лично, до членовите на Синодот, на свештенството и монаштвото, до сите граѓани кои ги чествуваат овие големи православни христијански празници, во мое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз.
Светите празнични денови нека донесат спокој во срцата, насмевки, прегратки, светлина, топлина, радост во домовите и семејствата, почит, љубов, разбирање меѓу луѓето.
Следува година на сериозни предизвици во којашто повторно пред искушение е нашата совест, за да си ги вратиме вистинските вредности во нашиот живот и во општетсвото и да си обезбедиме духовен мир и благосостојба.
Само доброто може да се избори со злото, само вистината со лагата, само правдата со неправдата.
Овие големи празници нека ја распламтат одлучноста и вербата двигател.
Нека секој ја почувствува слободата и одговорноста на својот избор.
Ова се моменти кога секој одново ја добива шансата да тргне по вистинскиот пат, тоа е патот кон заедничката среќа.
Имајте убави празнични денови“.
Скопје, 06.01.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА