Талески го обвини Трипуновски: Вие сте синоним за корупција и криминал

Facebook
Twitter
LinkedIn

Пратеникот Миле Талески во Собранието го обвини министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, дека е синоним за криминал и корупција во министерството.
„Министре, вие сте синоним за криминал и корупција во вашето министерство. Прва одлука којашто вие како министер сте ја донеле е дека сте склучиле договор со ќерката на овој којшто е приведен и поставен од ваша страна. Првиот договор што сте го склучиле во Министерството за земјоделство бил со ќерката на овој кој е фатен со 50.000 евра кеш пари. А на кое место е фатен? Тука треба да одговорите на македонската јавност“, рече Талески.

Тој додаде дека министерот нема кредибилитет да зборува за тутунопроизводителите.

„Вие за тутунопроизводителите немате никаков образ да зборувате тука во јавноста. Вие ги лажевте тутунарите во периодот 2012 – 2020 година. Сте држеле прес-конференции во кои баравте зголемување од 100% за тутунопроизводителите. Сега сте министер. Ајде зголемете ја субвенцијата, а не да ја намалувате од 100 денари на 80 денари. Првата одлука за тутунопроизводителите што ја донесовте е да им ја намалите субвенцијата. Срамота“, обвни Талески.