Изјава на Симона Цветановски ,членка на ИО на СДСМ
Вистината е дека трудот на македонскиот земјоделец денес е понижен и обезвреднет. Земјоделците се излажани и изиграни. Пари немаат.
Вистината е дека најголемиот дел од заработката, завршува кај прекупците, наместо кај земјоделцот кој од утро до мрак е на нива.
Вистина е дека субвенциите за земјоделците им ги скратија за 40 милиони евра и не им се исплатени навреме.
СДСМ во програмата „Твоја држава – твоја шанса“ нуди нов пристап кон земјоделството. Го вреднуваме трудот на нашиот земјоделец.
Праведно е да има поголема поддршка за домашното производство и нови можности за развој на македонското село.
Праведно е земјоделецот да заработува од својот труд, а не најголемиот профит да завршува кај прекупците.
Предвидуваме државни регионални центри за откуп кои ги насочуваат парите директно кај фармерот, а не врз основа на произволни или партизирани проценки.
Обезбедуваме повисоки субвенции за органско производство и за земјоделците кои инвестираат во одржливо и еколошко производство.
Обезбедуваме неповратни грантови за сушари, преработувачки капацитети и модернизација на производството – за производите да добијат поголема вредност уште во местото каде што се произведуваат.
Наместо да извезуваме анонимни производи, ќе создаваме препознатлив македонски бренд што носи поголема заработка за производителите. Државата го плаќа брендирањето на земјоделските производи како „Македонска Био-Приказна“.
Праведно е сточарите да имаат сигурност и предвидливост во своето производство. Затоа предвидуваме механизам за загарантиран приход по грло добиток, кој не смее да падне под реалните трошоци на производство.
Планираме директни грантови за автоматизирана опрема за молзење и системи за хранење.
Младите земјоделци му се потребни на земјоделството – ќе создадеме услови каде младите земјоделци ќе бидат современ, агро-претприемач кој користи технологија да создаде чист, здрав и скап македонски бренд.
Повеќе приходи за земјоделците, сигурност за сточарите и нова перспектива за македонското село. Тоа е правично, тоа е правилно.
Затоа што најважно е домашното производство на храна, затоа што развиено земјоделство е двигател и на економијата.
Твоја држава – твоја шанса!



