Нема тендер, нема институција во која ВМРО-ОКГ не ги има брцнато рацете и која не е спорна.
Најновите наоди објавени од Центарот за граѓански комуникации покажуваат дека дури и евакуациските летови на МНР во вредност од еден милион евра биле злоупотребени.
Се наведува дека незкаонски биле платени однапред, иако законски смеело да се плати само 20 отсто, имало тендери со само една понуда и други неправилности.
Сомнителни постапки и милионски јавни набавки се само дел од примерите кои сведочат за криминален систем на ВМРО во кој транспарентноста е укината, а злоупотребите стануваат правило.
Договори зад затворени врати, без конкуренција и без јавноста да добие одговор на основните прашања: кој добива, по кои критериуми добива и по која цена добива државни пари?
Ова е истиот модел на владеење што го гледаме речиси во секоја институција раководена од ВМРО кога тендерите се во прашање.
На сите им е веќе јасно, за ВМРО-ОКГ јавните набавки не се механизам за обезбедување квалитетни услуги за граѓаните, туку можност за партиски бизниси и привилегии.
СДСМ бара итна и целосна ревизија на сите спорни јавни набавки во Министерството за надворешни работи, објавување на целокупната документација и утврдување одговорност за сите евентуални злоупотреби.
Граѓаните заслужуваат одговори. Секој денар од буџетот е важен, тоа се пари на граѓаниреа не партиски плен на ВМРО-ОКГ.



