fbpx

Кирацовски во посета на Агенцијата за администрација

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Дополнителниот заменик на министер за информатичко општество и администрација, м-р Александар Кирацовски денеска ја посети Агенцијата за администрација каде што оствари средба со директорката на Агенцијата – Жаклина Николовска.

На средбата се разговараше за одземените ингеренции на Агенцијата, за новиот Закон за административни службеници, особено за делот на оценување, за објективноста на процесот и висината на паричните казни.

Заменикот Кирацовски исто така се заинтересира за процесот на полагање на стручниот испит, за начинот на кој кандидатите за државни службеници го полагаат истиот.

Кирацовски смета дека со сегашниот Закон за административни службеници се девалвира позицијата на Агенцијата, кое како независно тело е задолжено за регрутација на кандидати за административни службеници, и истакна дека ќе ги разгледа можностите за враќање на старите надлежности преку соодветни законски измени.

 

 

Последни вести