fbpx

Зошто Курир петнаесет дена крие на каков начин се финансира?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Никола Груевски и фамилијата преку пропаганда на медиумските курири се обидуваат да го сокријат криминалот и корупцијата во последните 10 години.

Но, затоа петнаесет дена провладиниот “Курир” молчи кој и на каков начин го финансира.

Јавноста дозна за приходите од 1.3 милиони евра, за фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, сопственик на“Курир.”

Поврзаноста на фирмата ЕМ МЕДИА ДОО Скопје, фирмата сопственик на“Курир”, со братучедот на Груевски, Сашо Мијалков, преку фирмата НВСП, открива сериозни сомнежи.

Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ. Оваа фирма покрај сопственик на радиото Слободна Македонија сопственик е и на К Три телевизија ДООЕЛ Куманово.

Граѓаните дознаа дека истата оваа фирма, НВСП е основач на агенцијата за обезбедување СГС, што ги обезбедува клучните објекти во државата, зад којашто лично стои братучедот на премиерот во заминување, Сашо Мијалков.

Владислав Стајковиќ освен до Мијалков е близок и до Жарко Луковски, главен и извршен директор на Т-мобиле Македонија и воедно кумашин на братучедот на Груевски, Сашо Мијалков.

Вистината за Македонија откри дека НВСП, фирмата на Стајковиќ е дел од провизијата од 540 илјади евра што Мијалков ја бара за набавување на опрема за прислушување од Израел.

Зошто Курир петнаесет дена крие кој и на каков начин го финансира? Што крие „Курир“?

Професионалните и етички новинарски стандарди подразбираат транспаретно, непристрасно и одговорно работење а тоа за “Курир” очигледно не постои.

Наместо молк и креирање виртуелни вести коишто немаат апсолутно никаква поврзаност со реалноста, јавноста очекува одговори на прашањата кој и на каков начин го финансира “Курир”?

 

Скопје, 28.12.2015

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести