fbpx

Кога лаже кумот Стварески?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Кога лаже кумот Ставрески?

Дали пред неколку дена излажа Ставрески, кога со свој потпис потврди дека до крајот на октомври капиталните инвестиции се реализирани едвај 55%?

Дали денеска излажа Ставрески кога изјави дека растот на индустриското производство е резултат на реализацијата на некаков висок износ на капитални проекти?

Или и во двата случаи?

Статистичките „гимнастики“ на директорот на Државниот завод за статистика излегуваат на површина. Ниту изјавите на Груевски и неговиот кум Ставрески не го перат од одговорноста директорот на ДЗС за испораката на бараните, нарачани резултати.

Никој нема да биде амнестиран од одговорност за исполнување на желботеките од џубоксот на премиерот во заминување.

Секој што го прекршил законот ќе одговара.

Збогум Никола!

Скопје, 29.12.2015

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

Последни вести