Соопштение за јавност
Јавно го прашуваме премиерот во заминување да каже колку се зголеми бројот на енергетски сиромашни семејства во Македонија откако е на власт?
Нека одговори дали 80% од домаќинствата во Македонија се енергетски сиромашни?
Никола Груевски е последниот во Македонија што може да зборува за сиромаштија, особено за енергетска сиромаштија!
Никола Груевски со неговите погрешни, „дил ориентед“ политики предизвика директен удар врз стандардот на граѓаните, особено врз посиромашните.
Во континуитет, цели 10 години Никола Груевски ја зголемува цената на струјата, парното, огревното дрво.
Цената на струјата Никола Груевски ја зголеми за над 100%, цената на огревното дрво за 170%.
33% ангажирана моќност Никола Груевски ја вкалкуира во цената на струјата наместо да ја укине.
Но, затоа Никола Груевски ја укина ефтината тарифа за електрична енергија.
Граѓаните во Република Македонија знаат дека по изборите надоместокот за енерегетска сиромаштија ќе биде не 900 денари, туку 1.500 денари а тоа ќе го овозможи СДСМ.
Дополнително, СДСМ ќе ја врати и ефтината цена на струјата.
Граѓаните знаат: збогум Никола!
Скопје, 26.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА