Филипче: СДСМ понуди решенија за помош на земјоделиците, владата сите ги одби

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, на средбата со земјоделците во Босилово, нагласи дека СДСМ понуди решенија за помош на земјоделицте, но Владата сите ги одби. Филипче посочи дека секогаш постои можност да се преземат мерки кога навистина постои волја да им се помогне на земјоделците, но проблемот е што Владата нема слух ниту за состојбите на терен, ниту за конструктивните предлози што доаѓаат од СДСМ.

„Секогаш има можност нешто да се направи. Сега се исплаќаат субвенции за тутунарите, но што се случува? Парите ги префрлаат од други програми и нема исплата на субвенции за другите сектори во земјоделството“, рече Филипче.

Во одговорот претседателот на СДСМ потсети дека и минатата година СДСМ излезе со конкретен предлог за зголемување на откупната цена на грозјето, но и тој предлог беше одбиен од Владата.

„Жалам што нема слух оваа власт и сите наши добри предлози ги одбива. Минатата година дадовме предлог да се зголеми откупната цена на грозјето. Тоа не се случи. Го одбија тој предлог“, рече Филипче.

Притоа, Филипче најави дека СДСМ и во наредните денови ќе излезе со нови предлози, со кои ќе понудат решенија за проблемите со кои се соочуваат земјоделците.

„Ќе дадеме веќе овие денови некои предлози. Се надевам дека ќе има слух, но за жал мислам дека ќе продолжи праксата во која што оваа власт нема тие добри предлози да ги прифати“, порача претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.