fbpx

Нема одговор од „Република“ како се стекнала со приходи од над 1,1 милион евра

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Нема одговор од „Република“ на кој начин се стекнала со приходи од над 1,1 милион евра.

Дали и „Република“ ќе молчи по ова прашање како и „Курир“?

Официјалните документи на Централен регистар потврдуваат дека неделникот „Република“ во сопственост на фирмата ПРВА РЕПУБЛИКА ДООЕЛ, остварил приходи во висина од 1,1 милиони евра за период од три години.

Како „Република“ остварила приход од над 1,1 милиони евра?

Молкот за овие големи приходи отвараат сериозен сомнеж за начинот на којшто се финансира и овој провладин неделник.

Ако се земе предвид приходот на Курир од 1.3 милиони евра, тогаш само овие два провладини медиуми, “Курир” и “Република” оствариле приход од над 2,4 милиони евра!

Транспарентноста во работењето, објективноста и неселективноста се клучни професионални и етички новинарски стандарди.

Јавноста очекува „Република“ да одговори како се стекнала со приходи од 1,1 милиони евра?

 

Скопје, 26.12.2015

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести