Соопштение за јавност
Граѓаните ќе добијат нови попрегледни сметки за електрична енергија, но и понатаму ќе плаќаат висока цена за струја.
Неразумните трошења на државната компанија ЕЛЕМ ја качуваат цената на електричната енергија.
ЕЛЕМ за изминативе четири години потроши 400 милиони евра, од коишто голем дел за крајно непродуктивни трошења, како што се барокни фасади и пешачки патеки.
На граѓаните не им се важни нови листови хартија.
На граѓаните не им се потребни ниту барокните фасади на ЕЛЕМ од милиони евра.
На граѓаните им е важно како да врзат крај со крај во месецот. Потребна им е нова поевтина цена на електричната енергија.
Во услови кога увозот на електрична енергија постојано се зголемува, а домашното производство на електрична енергија постојано се намалува, електричната енергија се поскапо ќе ги чини граѓаните.
Но за Груевски не се важни интересите на граѓаните, туку бизнисите и провизиите што слушнавме како ги договара во барокниот стил на владеење.
Како што најавивме во Програмата, СДСМ ќе ја врати евтината тарифа на струјата што ја укина власта на Груевски.
Ќе поттикнеме и поддржиме развој на домашните енергетски капацитети со што ќе овозможиме домашно производство на струја. Тоа ќе придонесе и кон поевтина струја за граѓаните.
Се подготвува сметка и за Груевски. Граѓаните ќе му ја испорачаат.
Збогум Никола!
Скопје, 23.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА