Соопштение за јавност
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија очекува од Јавното обвинителство да спроведе професионална, законска истрага и да утврди кој и со каква цел фалсификувал лични карти.
Бидејќи Обвинителството тврди дека се пронајдени и снимени телефонски разговори кај осомничени лица, истрагата треба да покаже на каков начин материјалите се нашле кај овие лица.
Обвинителството треба да објасни како тоа владините медиуми имаат информации и детали од истрагата со коишто шпекулираат и создаваат забуна во јавноста, пред официјално да соопшти нешто Јавното обвинителство?
Се потврдува дека Јавното обвинителство реагира само кога се во прашање интересите на Никола Груевски.
Кога се објавуваа разговорите во рамки на проектот Вистината за Македонија, коишто покажаа сериозен криминал, корупција и злоупотреба на институциите од страна на Никола Груевски и неговите соработници, Основното јавно обивинителство со месеци молчеше и не превзеде ништо.
Дури ниту по кривичните пријави што ги поднесе СДСМ, врз основа на доказите од објавените разговори, со месеци не се постапуваше.
Проектот Вистината за Македонија покажа кои се вистинските криминалци во Македонија.
Во оваа држава ќе се врати правото и правната држава.
Тоа е незапирлив процес!
Скопје, 23.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА