Распад на ЗНАМ – во тек е последната битка за фотелји меѓу Максо и Минчев

Facebook
Twitter
LinkedIn

Се случува тотален распад на ЗНАМ.

ЗНАМ беше вештачки создаден проект чија единствена цел беше да го ослабне СДСМ и да му обезбеди гласови на Мицкоски.

Сега, кога таа функција е завршена, дојде време за нивниот крај.

Во ЗНАМ во тек е последната битка за фотелји и тендери меѓу единствените што останаа, Горан Минчев и Максим Димитриевски.

Веќе не му се потребни на Мицкоски, па меѓусебе се борат за последните остатоци од она што им беше ветено.

Класичен пример на политичка корупција и морален банкрот на луѓето кои прво ја предадоа својата партија а потоа и своите гласачи.

Влегоа во политиката исклучиво за лична корист, ја наплатија својата улога на сателит на ВМРО, а наскоро ќе бидат фрлени во ѓубриштето на политичката историја.

Кога некој ја продава својата идеологија, својата партија и своите гласачи за фотелја, тоа не е политика. Тоа е предавство за пари.

Бидејќи ЗНАМ веќе не постои ниту во анкетите ниту во гласови, Христијан Мицкоски работи на создавање на нов сателит – ЗНАМ 2.0.

Граѓаните го препознаваат тоа и нема да дозволат да бидат излажани.