Платформа за „обединување на опозицијата“ со единствена цел: нејзино разбивање по моделот на Вучиќ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Она што се претставува како платформа за „обединување на опозицијата“ во реалноста има сосема спротивна цел: систематско разбивање на опозицијата.

Ниту една сериозна критика кон власта. Ниту еден збор за корупцијата, за економскиот колапс, за празниот буџет или за авторитарното владеење.

Целата енергија е насочена кон единствената опозиција – СДСМ која со сите сили се бори против огромната организирана криминална група што преку Христијан Мицкоски има целосна контрола врз правосудството, судството и полицијата, а преку Орбан во сопственост држи над 40 отсто од сите медиуми во Македонија, додека на останатите влијае преку закани и финансирање.

Истите луѓе кои наназад со години одвнатре учествуваа во рушење на рејтингот на СДСМ, сега однадвор продолжуваат да ја напаѓаат својата партија.

Платформата за иднината на Мицкоски не е нова – таа е лансирана уште пред неколку месеци, само сега е официјализирана.

Исто како што беше и со проектот ЗНАМ, кој целосно пропадна, сега се прави ЗНАМ 2.0 преку оваа платформа.

Моделот на ситенење на опозицијата и делење на опозиционите гласови Мицкоски го презеде директно од Александар Вучиќ и неговата сестринска партија СНС.

Во Србија Вучиќ ја ситнеше опозицијата, ја подели, а дел од неа и ја купи. Мицкоски сака да го спроведе истиот copy-paste модел и во Македонија.

Сè за Мицкоски се работи од Белград. Единственото што доаѓа од Будимпешта се медиумите.

Затоа е јасно: ова не е борба за подобра иднина на Македонија. Ова е организиран проект за слабеење на единствената реална опозиција која се спротивставува на организираниот криминал.

Единствен фронт кој се бори против оваа криминална структура е Фронтот за вистина и правда.