Соопштение за јавност
Никола Груевски еднаш ќе се реши да каже нешто за медиум што не е под негова контрола и вистината излегува на виделина.
Лажниот, виртуелен патриот, Никола Груевски, едно зборува пред граѓаните на Македонија а друго прави, задкулисно, зад грбот на граѓаните.
Да не бил Никола Груевски изненаден од прашањето на угледниот „Гардијан“?
Или повторно има проблеми со синусите?
Преку проектот Вистината за Македонија граѓаните дознаа дека токму Никола Груевски се пазарел со уставното име на Република Македонија и тоа тајно под маса, преку класични underground методи. Заедно со неговиот братучед Сашо Милајков, и со познатиот бизнис партнер на Груевски од Грција, Емануел Малелис, познат како Манолис.
Тоа биле вистинските преговарачи за промена на името на државата и таа вистина ја знаат граѓаните.
Од објавените аудио разговори стана јасно дека Никола Груевски не само што се пазарел за уставното име на земјава туку разговарал и ги договарал дури и идентитетските прашања.
Граѓаните на Македонија нема да ја заборават вистината за сите лаги врз коишто Никола Груевски го изгради имиџот за неговиот виртуелен патриотизам.
Затоа граѓаните имаат идеја: збогум Никола!
Скопје, 16.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА