Соопштение за јавност
Максо пред гостиварци: ќе разговараме со Бугарија, не отстапуваме од македонскиот идентитет. Отчет. Две години работа. И само една љубов – тендери.
Прво ја предадоа партијата. Потоа гласачите. Сега се чувари на идентитетот. Свој немаат.
Имаат здружение на далечинско. Сателит на арамијата. Столче, тендер, глас во Собрание.
Идентитетот го потврди Фон дер Лајен, директно, во Скопје: Европа ве чека со вашиот јазик и вашата култура.
Сиљановска рече: заштитени се македонскиот идентитет, јазикот и културата. Преспанскиот договор арамијата го нарече ремек-дело. Тимчо рече дека НАТО е најдобрата работа за земјата.
Па сега ЗНАМ ги повторува речениците на арамијата, во град во кој веќе дванаесет недели нема документ дека водата е чиста и безбедна за пиење. 5.000 луѓе се отруле, а дел од нив завршиле во болница.
Максо го чува идентитетот како плац за Лидл.
Нека објаснат во Гостивар што чуваат. Идентитет што не е на маса, или партиска каса што е на маса.
Нека кажат колку чинеше столчето. Нека кажат како и зошто „патриотите“ имаат бугарски пасоши и фирми, а другите ги нарекуваат предавниции.
ЗНАМ не е отчет. Тоа е филм што веќе го гледавме. Предавство со датум. Втората верзија бара клучеви за 1,6 милиони евра.
Првиот пропадна.
