Соопштение за јавност
Денеска четири земји продолжуваат кон ЕУ, a Македонија стои во место, нагласи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес- конференција. Филипче посочи дека денешниот „супер вторник“ за проширувањето на Европската Унија е уште еден потсетник колку Македонија ја губи трката со земјите од регионот и пошироко, додека Владата нема ниту стратегија, ниту дипломатска иницијатива за деблокирање на европскиот пат.
„Денеска е така наречениот супер вторник на проширување на Европската Унија. Денеска се одржуваат како никогаш досега четири меѓувладини конференции со четири земји кои што очигледно е, многу брзо ќе бидат нови членки на Европската Унија – со Украина, со Молдавија, со Албанија и со Црна Гора. Се затвораат поглавја на Албанија и Црна Гора и се отвораат нови кластери со поглавјата на Украина и на Молдавија“, рече Филипче
Притоа, Филипче додаде дека во момент кога сите европски лидери беа на едно место, премиерот Христијан Мицкоски избра да не оди во Париз и лично да се бори за интересите на државата, испраќајќи вицепремиер наместо самиот да ја претставува Македонија.
„Ние сме претставувани од вицепремиерот Беким Сали. Немам никаква забелешка во протоколарниот дел, но дали е ова вистинско однесување на еден премиер на држава? Да не биде присутен на место каде што се собрани сите европски лидери, на едно место каде што може да ги искористи, да се бори за државата, тој избира да не оди и таму да го прати вицепремиерот. Само уште еден показател дека овој премиер за Македонија не се бори. Ниту има желба, ниту има визија, ниту има капацитет“, рече Филипче.
Линк до видео:



