Судството под контрола на Мицкоски го спасува Груевски и го одмрзнува имотот на ВМРО

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Граѓаните гледааат како судството и обвинителството под контрола на Мицкоски го чисти Никола Груевски од одговорност за предметот Талир 2 и го одмрзнува криминалниот имот на ВМРО.

По 8 години “Белата палата“, вредна 14 милиони евра и останатиот партиски имот во вредност од 2 милиони евра се повторно во рацете на ВМРО.

Така изгледа кога криминална организација е на власт, таа се грижи само за себе и да ги спаси своите од одговорност. Правда нема!

Груевски е осуден криминалец кој не ја издржува казната во Идризово. А Мицкоски не бара негова екстрадиција, не ги испраќа документите кои со месеции патуваа од една до друга институциија и никогаш не беа испратени. Намерно.

Мицкоски му овозможува на својот ментор Никола Груевски да ја избегне правдата за Талир 2.

Ова е свесна заштита на Никола Груевски, најголемиот симбол на криминалот и корупцијата во Македонија.

Сега Груевски – човекот кој избега во Унгарија и понатаму продолжува да ужива, без да се соочи со одговорноста само поради Христијан Мицкоски.

Вистината излегува на виделина.

Наскоро доаѓа времето на правдата и одговорноста.

Наскоро државата повторно ќе им припадне на граѓаните.

Фронтот за вистина и правда ќе се погрижи да одговара не само Груевски, туку и сите негови ученици и продолжувачи на неговото дело.