fbpx

Победничка Програма на СДСМ и граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

19 Конгрес на СДСМ со акламација ја донесе Изборната програма на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија за изборите во 2016 година.

-Создадовме реално спроведлива Програма. Ова е Програма на СДСМ и на граѓаните за спас на нашата заедничка држава, Република Македонија, рече претседателот Зоран Заев во завршното обраќање пред делегатите.

Предлозите на дискутантите на Програмскиот конгрес денеска, го заокружија широк процес на дебата што го отвори СДСМ со целокупната граѓанска, експертска, општествена јавност, со цел утврдување Програма за сите во Македонија.

Оценка на Конгресот на СДСМ е дека е донесена победничка Изборна програма на СДСМ и на граѓаните на Република Македонија.

Скопје, 13.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

Последни вести