Соопштение за јавност
Тимчо Муцунски во Вашингтон зборувал за „потврдена определба“ и соработка со САД.
Прашањето е дали им ја кажа целата вистина на нашите стратешки партнери?
Дали Муцунски им спомена дека во македонската влада седи човек кој јавно промовира соработка со „Ноќните волци“ на Путин и со Комунистичката партија на Кина?
Дали им кажа дека ВМРО-ОКГ намерно ја кочат Реформската агенда за да го блокираат европскиот пат на Македонија и да ги исполнат желбите на руската страна?
Дали им кажа дека реформите се стопираат токму затоа што Европа носи независно судство, европско обвинителство и одговорност за криминал и корупција, нешто што прво Мицкоски, а потоа целата негова организирана криминална група, не го сакаат?
Нашиот стратешки партнер, САД, заслужува да ја знае вистината. Не само за „определба“, туку и за тоа дека дел од македонската влада работи по агендата на Белград, Пекинг и Москва, а не за интересите на Македонија.
Дали Муцунски им ја пренесе оваа вистина во Вашингтон?
Или повторно се обиде да ја прикрие реалноста пред нашите сојузници?
Граѓаните на Македонија заслужуваат одговор.


