Соопштение за јавност
Христијан Мицкоски изјави дека „наскоро ќе се знае кој наредил што се случило во Гостивар“ и дека „ќе има одговорност“.
Ова е уште една во низата празни најави кои веќе стануваат предвидливи и исцрпувачки за граѓаните.
Со истата реторика, Мицкоски месеци наназад ветува дека „наскоро ќе се знае“ од каде дошла дрогата, кој ги контролирал маркетите, кој ги кревал цените… и ништо од тоа не се случува. Само празни ветувања, без никакви резултати.
Особено е апсурдно што за проблемот во Гостивар, Мицкоски и ВМРО-ОКГ ја обвинуваат СДСМ, која никогаш не била на власт во тој град.
Но, кога треба да се префрли одговорноста, Мицкоски не се двоуми да ја обвинува опозицијата дури и за работи за кои не е надлежна.
Ситуацијата во Гостивар е сериозна. Според информациите од болницата, во последните 24 часа се примени 260 лица, од кои 100 на детскиот оддел и 160 на инфективниот оддел. Во моментов имало 7 пациенти на детскиот оддел и 20 пациенти на инфективниот оддел. Првите случаи во болницата се регистрирани на 13 јули.
Граѓаните се уморни од оваа игра на „наскоро ќе објавиме“.
Ова не е политика на одговорност, ова е политика на префрлање вина и создавање лажен впечаток дека нешто се работи.
Додека Мицкоски ветува „наскоро“, во Гостивар се шири здравствена криза.
Оваа практика на постојано обвинување на другите, без да се преземе сопствена одговорност, станува веќе потпис на оваа влада.
Мицкоски и ВМРО-ОКГ се однесуваат како да се во опозиција, а не како да се на власт веќе две години.
Граѓаните повеќе не веруваат во „наскоро ќе се знае“. Сакаат резултати, а не нови најави и нови лаги.
Време е да се преземе одговорност, а не да се префрла на другите.


