Соопштение за јавност
ВМРО-ОКГ и Христијан Мицкоски го блокираат донесувањето на нов Изборен законик во согласност со препораките на ОБСЕ и ОДИХР.
Наместо да се донесе закон кој ќе обезбеди фер, транспарентни и демократски избори, тие се обидуваат да протуркаат решенија кои ќе им овозможат контрола и манипулација врз изборниот процес.
Особено загрижувачки е нивниот однос кон гласањето на дијаспората.
Наместо да се воведат механизми за контрола и транспарентност, ВМРО-ОКГ сака систем кој ќе им дозволи да манипулираат со стотици илјади гласови од дијаспората.
Мицкоски е политички ослабен, рејтингот му е на историски минимум поради секојдневните лаги, а ВМРО загуби повеќе од 150.000 гласови. Затоа им е потребен закон кој ќе им овозможи вештачко надополнување на изгубената поддршка.
Да не ја направеше реконструкцијата на Владата со нови лица во стари фотелји и мачкање очи на граѓаните, Мицкоски веќе ќе ги имаше распишано предвремените избори. Не може да го издржи ваков пад, а нема ниту резултати ниту пари во буџетот.
Му недостига само алиби, а може да го обезбеди единствено преку сателитските партии.
Затоа брзаше со укинување на техничката влада и сега на сила се обидува да протурка изборен закон за кражба на 200.000 гласови од дијаспората.
Кога Мицкоски и ВМРО-ОКГ зборуваат за „подобар Изборен законик“, во реалноста зборуваат за закон кој ќе им овозможи полесна кражба на изборите. Ова е иста онаа логика со која дојдоа на власт – со лаги и манипулации.
СДСМ уште еднаш повикува на донесување на Изборен законик кој ќе биде во согласност со европските и меѓународните стандарди, закон кој ќе ја штити вољата на граѓаните, а не интересите на една партија која се плаши од фер избори.
Граѓаните не заслужуваат изборен систем скроен по мерка на Мицкоски и ВМРО-ОКГ.
Заслужуваат фер избори во кои ќе одлучува нивната волја, а не изборната математика на организираната криминална група.


