ВМРО-ОКГ повторно бега од одговорност за Гостивар – срам да ви е!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

ВМРО-ОКГ обвинува дека СДСМ ја политиизира состојбата во Гостивар.

Ова е класичен обид за бегство од одговорност.

СДСМ е политичка партија која работи во интерес на граѓаните, а не организирана криминална група како ВМРО.

Нормално е политичка партија да се занимава со политика, за разлика од ВМРО која се занимава со криминал, корупција и прикривање.

Кажете им тоа на граѓаните кои се отруени во Гостивар. Срам да ви е!.

ВМРО-ОКГ и понатаму бара „некој друг да е крив“.

Ако веќе се вршат апсења, тогаш мора да се утврди и кривична одговорност на министерот за здравство и инспекцијата од Министерството за здравство, кои знаеле за труењето, но молчеле пет дена.

Селективно се спроведува правда и притисок врз обвинителството, а податоците од анализите на водата се кријат од јавноста.

Ова не е политика. Ова е свесно прикривање на информации кои директно го загрозуваат здравјето на граѓаните.

ВМРО-ОКГ повторно покажува дека нема намера да ја утврди целосната одговорност, туку сака да ја минимизира и да ја префрли на локално ниво.

Сите кои знаеле и молчеле, сите кои ја криеле информацијата и сите кои се обидуваат да ја заштитат криминалната структура – ќе одговараат.

Доаѓа времето на вистината и правдата.