Добредојдовте кај Орце

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Скопје стана град во кој ништо не функционира, освен тендерите на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Ѓубрето не се собира, депониите се полни, а јавниот превоз е во распад. Граѓаните се дават во проблеми кои траат со години, а наместо решенија добиваат билборди со коњи со пет нозе и храмови од Белград.

Ништо не е решено, но е решен коњот.

Сè уште нема одговор кој бил задолжен за изработката на срамниот билборд, колку е платено за AI-генерираната срам и дали изведувачот ќе биде казнет за лошо извршена работа.

Градоначалникот молчи, а парите од буџетот на Град Скопје продолжуваат да течат.

Ова не е управување со град туку управување со тендери и јавни пари, додека Скопје тоне во ѓубре, сообраќаен хаос и институционална немоќ.

Добредојдовте кај Орце.

Овде проблемите се решаваат со билборди, а не со работа.