ВМРО-ОКГ повторно ја злоупотребува туѓата несреќа за да ја сокријат својата одговорност

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Деновиве организираната криминалната група ВМРО повторно ја злоупотребува трагедијата во модуларната болница за да го префрли фокусот, со лажни обвинувања, врз СДСМ и претседателот проф. д-р Венко Филипче.

Ова е срамно. Да се играш со чувствата на семејствата на настраданите, само за да се нападне политичкиот противник, покажува дека оваа група нема ни најмала капка морал и емпатија.

Сега, по истиот рецепт, во Гостивар ја обвинуваат СДСМ за труењето на граѓаните, иако СДСМ нема никаква врска со тој настан.

Кога гледате како ВМРО-ОКГ постојано ја користи туѓата несреќа за да ја прикрие својата одговорност, јасно ви е на што се сè подготвени.

Латас, Ивона и целата нивна фабрика на лаги, заедно со фармите на тролови, платформите на ботови и орбановите медиуми, работат исклучиво во служба на оваа банда.

Луѓе кои дојдоа на власт со лаги, владеат со лаги. Лажни патриоти со бугарски пасоши, кои со децении го трујат медиумскиот простор, создаваат поделби меѓу народот за да можат непречено да спроведуваат криминални тендери и да ги крадат парите на граѓаните на Македонија.

Доста е со ова. Доста е со злоупотребата на туѓата несреќа за политички поени.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста. Народот ќе победи, а вие сите наскоро ќе одговарате согласно закон за целата несреќа што им ја нанесовте на граѓаните.