Соопштение за јавност
Бидејќи немаат одговор за труењето на целиот град Гостивар, ВМРО-ОКГ и нивниот главен пропагандист Драган Павловиќ Латас повторно се враќаат на највалканата можна кампања – злоупотреба на смртта на граѓаните.
Латас, кој со години работи како политички Гебелс на режимот, денеска повторно ја напаѓа СДСМ и лично д-р Венко Филипче.
Го обвинува за смртта на 10.000 луѓе за време на Ковид, веќе го нарекуваа „убиец на деца“, користеа лажни изјави на доктор Жан и лажни вести за згради во Дубаи против него.
Сето тоа е веќе видено.
Кога не им успеа дефокусот со Харис Џиновиќ, кога не им поминаа лажните објави за патувања во Венеција и Сент Мориц, кога не им помогна ниту ангажманот на „Блек Кјуб“ за следење на Филипче – се враќаат на старото.
Сега повторно ја користат болката на семејствата на настраданите во Ковид и во модуларната болница.
Повторно ги вадат мртвите за да го нападнат политички противник. Повторно ја претвораат човечката трагедија во политичко оружје.
Ова не е политика туку пропаганда која ни Гебелс не би ја користел во толкава мера.
Драган Павловиќ Латас, човекот кој со децении работи за странски служби и кој денеска со парите на македонските граѓани ја води највалканата медиумска машина, повторно покажува за што е способен.
Кога ВМРО-ОКГ нема одговор за труењето на цел еден град, кога нема одговор за празниот буџет, кога нема одговор за економската криза – тогаш го повикуваат Латас да ги „реши“ проблемите со нови лаги и нови напади врз СДСМ и проф др Венко Филипче.
Мицкоски и неговата криминална организација немаат ништо да понудат освен валкана пропаганда. А Латас е нивниот главен извршител.
Ова е нивното вистинско лице. И ова е причината зошто младите не сакаат да живеат во Латасовата Македонија.


