Соопштение за јавност
Граѓаните веќе со месеци со страв го очекуваат секое најавување на „нови мерки“ од Мицкоски за намалување на цените.
Искуството покажува дека секоја таква најава на крајот резултира со ново поскапување.
Последниот пример со горивата е уште една потврда за ова правило.
Само по најавата дека Владата презела „нови мерки“ за намалување акцизи, за наводно намалување на цените на горивата, дојде до нов значителен скок.
Ова е директна последица на економската политика која ја води оваа влада.
Владата на ВМРО-ОКГ нема контрола врз економските текови и нема сериозна стратегија за заштита на стандардот на граѓаните.
Наместо структурни мерки, се применуваат краткорочни и неефикасни интервенции кои брзо се покажуваат како неуспешни.
Резултатот е постојан раст на цените на основните производи и услуги, додека реалниот доход на граѓаните стагнира или опаѓа.
Министерката за финансии самата призна дека без ребаланс веќе би се појавиле сериозни проблеми со исплатата на плати и пензии.
Ова покажува колку е кревка и нестабилна буџетската состојба, и колку малку простор има Владата за какви било економски интервенции.
Податоците се јасни. Од доаѓањето на ВМРО-ОКГ на власт, странските директни инвестиции се намалени за над 60%. Во исто време, државата се задолжи со над 2,5 милијарди евра за помалку од две години, при што најголем дел од овие средства не се насочени кон продуктивни инвестиции, туку кон тековно трошење.
Потрошувачката кошничка продолжува да расте и изнесува речиси 70 илјади денари, а минималната плата остана без реално зголемување кое би го следело растот на цените.
Новото поскапување на горивата ќе има директен ефект врз сите други цени во економијата – транспортот, производството и дистрибуцијата на стоки ќе поскапат, што ќе предизвика нов притисок врз инфлацијата.
Економската политика на ВМРО-ОКГ се покажува како неуспешна на сите нивоа.
Наместо да се создаваат услови за раст и инвестиции, се генерира несигурност, поскапувања и дополнително задолжување.
Граѓаните ја плаќаат цената на оваа политика преку повисоки трошоци за живот и намалени економски можности.
Без сериозни структурни реформи и без одговорна буџетска политика, Македонија ќе продолжи да се соочува со стагнација и пад на животниот стандард.
Новото поскапување на горивата е уште еден показател дека економската политика на оваа влада не функционира.


