Соопштение за јавност
Во последните денови ВМРО-ОКГ и нивната медиумска машина, предводена од Драган Павловиќ Латас, започнаа нова валкана кампања против СДСМ и лично против претседателот Венко Филипче.
Затоа што немаат што да кажат за труењето на целиот град Гостивар.
Наместо да ја преземат одговорноста за тоа што илјадници граѓани беа отруени поради нивната неспособност и криминално управување, тие се обидуваат да создадат нов фронт – напад врз опозицијата.
Кога немаат одговор за Гостивар, кога немаат одговор за празниот буџет, кога немаат одговор за економската криза – тогаш го напаѓаат Венко Филипче и СДСМ.
Причината е едноставна и политичка: Мицкоски и ВМРО-ОКГ се во слободен пад. ВМРО изгуби повеќе од 150.000 гласови, а рејтингот на Мицкоски, поради секојдневните лаги, е на дното. Се обидоа преку измените на Изборниот законик да овозможат кражба на 200.000 гласови од дијаспората. Не им успеа.
Нивниот рејтинг постојано опаѓа, а рејтингот на Венко Филипче и СДСМ секојдневно расте.
Тие веќе се плашат од СДСМ како партија – тие се плашат и од Венко Филипче како јасна и растечка алтернатива.
Затоа и ја активираа целата своја пропагандна машина.
Затоа и Латас повторно ги вади старите лаги за Ковид, за модуларната болница и за се што можат да измислат.
Не затоа што веруваат во тоа што го зборуваат, туку затоа што се обидуваат да го сопрат подемот на Филипче и да го свртат вниманието на јавноста од катастрофата во Гостивар.
ВМРО-ОКГ нема одговор за труењето на цел град, никој не презима одговорност. Нема одговор за тоа зошто институциите не функционираат. Нема одговор зошто граѓаните беа оставени сами. Затоа и напаѓаат.
Но, граѓаните не се наивни. Тие знаат зошто одеднаш се појави оваа кампања.
И знаат дека зад секој напад на Венко Филипче стои стравот на Мицкоски од вистината за Гостивар и од растечката поддршка за СДСМ.
Вистината е една: колку повеќе расте СДСМ и Венко Филипче, толку повеќе паничи Мицкоски. А колку повеќе паничи Мицкоски, толку повеќе валкана станува нивната пропаганда.


