Прво Гостивар, сега Валандово – кој град е следен?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

По масовното труење во Гостивар, каде илјадници граѓани пиеја загадена вода со недели, сега и во Валандово водата од градскиот водовод не е безбедна за пиење.

Лабораториските анализи покажаа зголемено ниво на арсен. ЈП „Комунален сервис“ Валандово и Институтот за јавно здравје ги предупредија граѓаните да не ја користат водата за пиење.

Ова повеќе не е локален проблем туку е системски проблем на цела држава.

Проблем на еден човек – Христијан Мицкоски и на организираната криминална група ВМРО која ја презеде државата.

Оваа влада не знае да управува со основните работи што се однесуваат на здравјето и безбедноста на граѓаните.

Нема капацитет, нема стручност, нема системска контрола.

Единственото што добро го познаваат се криминалните тендери и личното богатење.

Во Гостивар дозволија луѓето да се трујат со фекално загадена вода. Сега во Валандово имаме арсен во водата за пиење. Утре ќе биде некој друг град.

Кога институциите не функционираат, кога контролата е слаба, кога се поставуваат луѓе според партиска послушност, а не според стручност – резултатот е токму ова: граѓаните остануваат без безбедна вода за пиење.

Мицкоски и неговата структура се занимаваат со базени, реконструкции и медиумски настапи.

Во меѓувреме, основните системи што треба да го штитат животот на луѓето се распаѓаат.

Ова е последица на нестручност, незнаење и целосен фокус на лични и партиски интереси.

Прашањето повеќе не е само „што се случува во Гостивар“ или „што се случува во Валандово“.

Прашањето е: кој град е следен?