Соопштение за јавност
Итно да се направи вонреден надзор и целосна анализа на сите водоснабдувачки станици во државата, како и јавно да се објават резултатите од испитувањата на водата, побара претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.
Тој нагласи дека квалитетот на водата не може да биде третиран како тајна, бидејќи станува збор за прашање од јавно здравствено значење.
„Квалитетот на водата не е тајна во рамки на истрагата. Туку е факт. И јавно здравствено значење има овој факт. Граѓаните мора едноставно да го знаат. Затоа бараме, итно, вонреден надзор и анализи на сите водоснабдувачки станици во државата. Итно да се објавата резултатите од физичките анализи – матност, мирис и други параметри, хемиските анализи – нитрати, нитрити и амонијак, микробиолошките анализи, како и податоците за хлорирањето., рече Филипче.
Филипче посочи и на примерите од Валандово и болницата во Лешок.
„Гледаме следно, во Валандово. И таму водата во Градскиот водовод не е соодветна за пиење. Извештај за тестирање на безбедноста на водата, од примерок земен од болницата за белодробни болести во Лешок. Датум на завршување на испитувањето, 13 мај, земена вода, вкупен број на колиформни бактерии во 100 мл вода – 51. Во болницата во Лешок, на крајот на мај, никој не реагирал. Примерот е од чешма од болницата, каде што се лекуваат луѓе. 51 колиформни бактерии на 100 мл вода. Па добро, знаат ли овие луѓе што прават? Какво е ова менаџирање на институција? Што е целта? Што е целта? Да се загрози здравјето на сите луѓе во државата“, потенцираше претседателот на СДСМ.
Филипче посочи и на податоците од болницата од Гостивар, пред некој ден, дека има хлориди многу повисока количина од предвидените.
„Зголемена концентрација на хлориди, долгорочно, кога реагираат со органските соединенија во водата, формираат многу опасни и канцерогени соединенија, а тоа се трихалометаните. Апелираме овие испитувања да се направат веќе денес, а министерот за здравство, директорката на Институтот за јавно здравје, Центарот за јавно здравје, Агенција за храна и ветерина и обвинителството, бараме политичка одговорност и оставки од овие луѓе, затоа што си поиграат здравјето на граѓаните, рече Филипче.
Линк до видео:



