fbpx

Лекарите потврдија дека неспособниот Тодоров создава хаос

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Денеска лекарите специјализанти на УКИМ испратија петиција до Никола Тодоров поради лошата состојба во којашто се наоѓаат.
 
„Во денешно време срамота е за една современа земја која тежнее да стане ЕУ членка вака да ги третира своите лекари специјализанти, на најдолното општествено скалило“ велат лекарите, специјализанти во петицијата до Тодоров.
 
Со тоа и лекарите потврдија дека каде и да оди неспособниот Тодоров создава хаос.
 
Болниците личат на место од хорор филмовите, а за Груевски и неговото милениче Тодоров поважни се тендерите и матните зделки отколку здравјето на граѓаните.
 
Само во виртуелниот свет на Никола Груевски пренесен од медиумите под негова контрола, неспособниот Никола Тодоров може да зборува за виртуелно решавање на проблемот на лекарите.
 
Во реалноста само надвор од границите на Македонија има повеќе лекари. Дури 200 лекари годишно бегаат  од земјава, благодарение на Никола Тодоров.  
 
Затоа граѓаните имаат идеја: збогум Никола и збогум за твоето корумпирано друштво!

Скопје, 07.12.2015               

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

Последни вести