Соопштение за јавност
Во виртуелниот свет на Никола Груевски црвен аларм се пали само пред избори, кога му гори под нозе од изборен пораз.
Никола Груевски не само што нема идеи и краде проекти од СДСМ, како проектот со бесплатниот превоз на студентите, тој нема ниту поддршка од студентите. Затоа младите на ВМРО-ДПМНЕ Груевски мораше да ги ангажира да го пофалат.
Очаен е Никола Груевски. Осамен во својот виртуелен свет во којшто никој не верува, соочен со страв од изборен пораз, после 10 години целосна негрижа за студентите.
Никола Груевски раскомотен во луксузниот мерцедес со кожни седишта, од 600 илјади евра, и очила од 60 илјади долари, со години ги игнорира барањата на СДСМ и студентите за бесплатен превоз.
Цели 10 години Никола Груевски барал локација за студентски дом којшто никогаш не го изгради. Но тоа не беше пречка Никола по телефон да си нарачува парцели на Водно, промена на ДУП па ГУП, бетонски ѕид, фирми од Белизе да бидат фиктивни купувачи на земјиштето….
Наместо студентски дом, Никола Груевски изгради луксузно партиско седиште на ВМРО-ДПМНЕ вредно милиони евра.
Студентите многу добро го знаат манипулаторот Груевски. Тој за нив е прочитана книга.
Никој не му верува на Никола Груевски, сите го чекаат неговото заминување.
Збогум Никола!
Скопје, 08.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА