fbpx

Средба на претседателот на СДСМ Зоран Заев со Аникен Хуитфелд

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со претседателката на Комисијата за надворешни работи, одбрана и безбедност на норвешкиот Стортинг, Аникен Хуитфелд, која е во работна посета на Република Македонија.

На состанокот се зборуваше за актуелната состојба во земјава и за меѓусебната соработка помеѓу Норвешка и Македонија.

Претседателот Заев рече дека само целосно спроведување на Договорот од 2-ри јуни/15 јули, во што побрз временски рок, може да создаде минимум услови за нормализација на државата и спроведување на слободни, фер и демократски избори.

„Секој аспект од договорот има свое суштинско значење, директно или индиректно поврзано со изборите. Продолжуваме во борбата да се исполни секој важен критериум од Договорот затоа без кој било критериум нема фер и регуларни демократски избори. Очекуваме да се постигне договор за отворените прашања, за ДИК, за медиумите… Да може до крајот на оваа година да го видиме видливиот ефект и да не се случи да бидат доведени во прашање регуларноста и демократскиот начин на организирање на изборите“ рече Заев.

На средбата се разменија и мислења за соработката помеѓу Македонија и Норвешка, особено во делот на интеграцијата на земјава во НАТО алијансата.

07.12.2015

ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА

 

 

 

Последни вести