Соопштение за јавност
Петрушевски денеска, Манасиевски вчера, објавија дека СДСМ и Филипче шират лаги за Гостивар.
Вака изгледа кога ВМРО-ОКГ ја користи својата стандардна пропаганда.
Нивниот главен за манипулација Драган Павловиќ Латас, познатиот “Началник”- човекот што уште како млад новинар бил врбуван од српските служби, а денес ги обучува портпаролите на ВМРО – повторно е на дело.
Истиот што ги тренира и Бране и Манасие како да ја вртат вистината.
Но повеќе никој не верува ниту на една реченица што излегува од медиумско-пропагандната машина на Белата палата.
Толку многу лажеа, што на крај се излажаа и самите себе.
Ако СДСМ навистина шири паника, направете една едноставна работа: одете во Гостивар.
Застанете пред граѓаните и кажете им дека водата е здрава и безбедна.
Одете во Скопје.
Застанете кај Лепенец и Вардар и кажете им на луѓето дека реките не се бели од синтетичко труење.
Петрушевски и Манасиевски нека одат во Гостивар и нека им кажат на граѓаните дека водата е чиста. Нека ги поведат и Мицкоски и Клековски.
Дотогаш, секоја нивна изјава за „лаги“ и „дезинформации“ останува само уште еден обид да се избегне одговорноста.
Граѓаните повеќе не пијат вода од чешма.
А вие сè уште пиете од сопствената пропаганда.

