Започнува медиумскиот мрак – токму како што најавивме

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Медиум открива дека српски медиумски играчи влегуваат во медиумскиот простор во Македонија.

Токму како што најавивме.
Започнува медиумскиот мрак.

Го спроведува Вучиќ преку Мицкоски.

За целата пропагандна мрежа е задолжен Драган Павловик – Латас, соработник на српските служби.

А за Евроњуз, кој доаѓа со лиценца од Вучиќ ќе биде задолжена Ивона Талевска, долгогодишен партнер на Латас.

Покрај веќе постоечките околу 40 проценти од медиумите што се под контрола на Орбановата мрежа и работат за ВМРО, сега влегуваат и нови играчи.

Целта е јасна:
Потполна контрола врз информирањето.

Мицкоски повеќе не се грижи за извештаите на Европската комисија, затоа што не сака ЕУ.

Прво беше нагласено мешањето на „српскиот свет“.

Потоа притисокот на Мицкоски врз правосудството.

Сега можеме да очекуваме и извештај за потполна контрола на медиумите.

Мицкоски ја окупира Македонија.

Граѓаните повеќе нема да можат ниту да слушнат дека им е отруена водата за пиење.

Тоа е целта на Мицкоски и организираната криминална група ВМРО.