Известување за ВМРО-ОКГ: Мистериозна бела пена го прекри Вардар

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Бидејќи на ВМРО-ОКГ црвените светла им се палат доцна, ги известуваме:
Мицкоски, Клековски, Петрушевски, Манасиевски.

Можете да одите до Вардар. Потоа до Лепенец.

Потоа до Гостивар. Потоа до Валандово. Потоа до Лешок. Потоа до Крушево. Потоа до Пласница. Потоа до Преглово.
Потоа до Прилеп.

Седум места каде што веќе се пронајдени бактерии од фекалии во водата. Плус бела пена што сега го прекрива Вардар.

Што се однесува до „стариот извештај“ – да, тој е стар. Од пред една година. Тоа го рековме и ние и затоа побаравме нови мерења на водата.

Кај нас во СДСМ црвените светла не се палат доцна, како кај Клековски.
Се палат навреме.

Стариот извештај е тука токму за да ве потсетиме: ви зборуваме цела една година.

Повикуваме и Орце да сврати до Вардар. Не мора со дрон. Може и пеш.

Нека ја погледне реката, ако има време меѓу правењето нов билборд со вештачка интелигенција.