Соопштение за јавност
Додека илјадници граѓани во Гостивар се трујат, а водата сè уште не е безбедна ниту за техничка употреба, Мицкоски и организираната криминална група ВМРО го завршуваат вториот дел од операцијата – целосна контрола на медиумите.
Веќе 40 проценти од медиумскиот простор е дел од Орбановата мрежа под контрола на ВМРО. Сега влегуваат Евроњуз и Ало групата на Вучиќ. Врз многу од преостанатите независни медиуми се врши силен финансиски и уреднички притисок.
Тандемот Латас – Ивона Талевска е задолжен да го изгаси медиумското светло во име и за сметка на Мицкоски.
Алта банка е финансиската поткрепа на целиот проект.
Кога ќе се комплетира оваа мрежа, граѓаните повеќе нема ниту да слушнат дека им е отруена водата за пиење.
Нема да слушнат дека црвените светла се запалиле.
Нема да слушнат дека никој не превзел одговорност.
Тоа е целта.
Прво се труе водата. Потоа се труе информацијата.
На крај – целосен мрак.
Мицкоски ја окупира Македонија.
И медиумите. И институциите. И вистината.
