Мицкоски денеска го пофали Орце и рече дека одлично работи.
Тоа значи дека му се допаѓа коњот со пет нозе. Подобар е од оној со четири.
Му се допаѓа Храмот Свети Сава во Белград.
Логично – често оди таму кога оди кај Вучиќ по задачи за „српскиот свет“.
Му се допаѓа и вијадуктот за вода.
Логично – во Македонија вода за пиење нема, па барем на билборд да има.
Најави и нови Орбанови автобуси. Груевски вели дека се одлични.
Историјата се повторува.
Вели ќе има уште два-три проекта.
Не кажува кои.
Само дека ќе има.
Како и секогаш – нè држи во неизвесност. Знае, ама не сака да каже.
Мицкоски секогаш има изненадување.
Како она со водата во седум града и фекалиите.
Или белата пена во Вардар. Денеска билборди и автобуси.
Утре пак нешто што ќе нè изненади.
Тоа е Мицкоски – секогаш знае како да изненади.

