Секој ден по едно признание, а одговорен никој!
Мицкоски призна дека со пари позајмени од М-НАВ ќе се отплаќа кредит во кинеска банка.
Уште едно признание.
Секој ден по едно.
За сè што СДСМ зборуваше со месеци.
И пак – никој не е одговорен.
Сите знаеме кој е одговорен.
Шефот на организираната криминална група ВМРО – Христијан Мицкоски.
Толку за приказната дека СДСМ шири дезинформации.
Затоа на Мицкоски му треба уште посилна медиумска контрола.
Затоа, покрај 40-те проценти Орбанови медиуми, сега влегуваат и Вучиќевите – Ало групата и Евроњуз.
За граѓаните повеќе да не можат ниту да слушнат дека им е отруена водата поради непалење на црвеното светло на ВМРО,
поради нестручност, поради неодговорност или поради криминални партиски тендери.
Мицкоски ќе спие мирно – медиумите и социјалните мрежи ќе бидат контролирани.
Дали ќе спиеш мирно и ти, Македонијо?

