Соопштение за јавност
Почитувани,
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, по повод големиот Еврејски празник Ханука упати честитка до претседателот на еврејската заедница Берта Романо – Николиќ и до сите припадници на Еврејската заедница.
Во честитката стои:
„Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и мое лично име упатувам искрени и срдечни честитики до сите припадници на Еврејската заедница по повод денот на светлината – Ханука.
Посакувам овој ден, согласно Вашата традиција, да го одбележите во спокој, радост и духовен мир. Нека празникот на светлината донесе светлина и радост во секој дом, во секое семејство.
Ханука, како еден од празниците коишто ја симболизираат и желбата за слобода, е трајна вредност во градењето на слободно општество врз темелите на меѓусебно почитување, помагање и толеранција.
Со промовирање на овие вредности допринесуваме за подобра и просперитетна иднина на Република Македонија.” се вели во честитката на Претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Скопје, 06.12.2015 год.
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА