Соопштение за јавност
Го разбираме стравот на Никола Груевски од соочувањето со вистината за нелегалното прислушување на над 20 илјади граѓани, од страна на братучедите, како и стравот од вистината за неговото корумпирано владеење во изминатите 10 години.
Никола Груевски мора да свати дека прописите во оваа држава важат подеднакво за сите граѓани во Република Македонија.
Колку и да се замислува во некакви квази услови што се дел од неговиот виртуелен свет, Никола Груевски не е повеќе од било кој граѓанин на оваа земја.
Правен документ како што е Деловникот за работа на Анкетната комисија за незаконското прислушување важи и за Никола Груевски.
Во Анкетната комисија за незаконското прислушување Никола Груевски нема да може да ги нарачува прашањата, особено не кај членовите коишто не се од ВМРО-ДПМНЕ и тука неговиот виртуелен свет нема да му помогне.
Одговорност за незаконското прислушување мора да има и ќе има.
Збогум Никола!
Скопје, 07.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА