Соопштение за јавност
Човекот познат по шемите „немаме за леб а трошиме за чоколадо“ и зборовите од типот „ние сме лудаци“ нема никаков кредибилитет или морален интегритет да говори за сериозност и одговорност.
Напротив.
Мизерно и лицемерно е Зоран Ставрески да говори за враќање на долгови. Ставрески може да говори само за зголемување на долгови и задолжување на граѓаните и идните генрации.
Ставрески ги задолжи граѓаните со три еврообврзници во вредност од 1 милијарда евра а постојано да говори дека се за враќање на еврообврзница од 150 милиони евра, од пред 10 години.
Груевски и Ставрески јавно признаа дека без постојано да ги задолжуваат граѓаните и државата не можат да исплатат плати и пензии, иако граѓаните тешко си ги заработиле, дека не можат да исплатат субвенции, поврат на ДДВ…
Тоа е клучна карактеристичка на расипничка и неодговорна власт.
Тоа е одлика на презадолжена влада којашто ја турка земјава во банкрот.
СДСМ ќе продолжи со својот одговорен, транспарентен и принципиелен однос кон јавните финансии. СДСМ ќе продолжи да ги штити интересите на граѓаните и идните генрации.
Повторно напоменуваме дека секоја наредна аукција без согласност на дополнителниот заменик министер во иднина може да биде оспорена како легитимен јавен долг на Република Македонија.
Граѓаните имаат идеја: збогум Никола и збогум на твоето друштво!
Скопје, 06.12.2015
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА