Соопштение за јавност
Јавноста сè уште нема добиено официјален, потпишан извештај со анализите за таканаречената „техничка вода“ во Гостивар. Кој институт ги изработил анализите? Кој го потпишал и одобрил извештајот? Кои параметри покажуваат дека водата е безбедна за употреба?, рече портпаролката на СДСМ и членка на Извршниот одбор, Богданка Кузеска на денешната прес конференција.
„Додека граѓаните чекаат, водата е отруена во повеќе од 8 населени места. Гостивар – труење, хиперхлорирање, „техничка вода“, сè уште без официјален потпишан извештај. Крушево – вода заматена и микробиолошки неисправна затоа што уредот за хлорирање еден час немал струја. Маврово – привремено не е за пиење. Лепенец и Вардар – бела пена, четири дена тишина. Валандово – присуство на арсен. Лешок, колиформни бактерии. Последно и водата во Булачани не е безбедна за пиење. “ рече Кузеска.
Мицкоски и организираната криминална група ВМРО-ОКГ ја отруја цела Македонија, граѓаните пијат отров а одговорни – нема, додаде таа.
„Мора да се знае кој е одговорен за извештајот од анализите на водата. Мора да знаеме кој ќе сноси кривична одговорност за тоа што се случува низ целата држава.“ рече Кузеска.
СДСМ бара итно да се направат анализи на водата во цела Македонија и кривична одговорност.
„Не само политички, и кривично треба да одговараат, Клековски, Андоновска, директоритите на локални Центри за јавно здравје, сите кои знаеле а криеле, кои не презеле мерки и не го заштитиле здравјето на граѓаните. За труењето на цела Македонија мора да има кривична одговорност!“ рече Богданка Кузеска на денешната прес конференција на СДСМ.
Линк до видео:


