На лагата и се кратки нозете, Христијане

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Мицкоски тврдеше дека е нормално државата да зема пари на заем од јавните претпријатија и дека тоа не значи банкрот.

Денеска имаме кривични пријави.

Според пријавата, “давањето позајмица на Јавното претпријатие за државни патишта не претставува трошок за маршутни навигациски уреди и служби“.

Со ова дејствие, пријавените ги пренамениле средствата собрани од авиокомпаниите за цел која е целосно надвор од рамките на ратификуваниот меѓународен договор и директно го прекршиле законот.

Со давањето на позајмицата создаден е вештачки одлив на средства што М-НАВ мора да го прикаже во своите финансиски извештаи.

При редовната ревизија од Еуроконтрол, овој одлив од 7.000.000 евра ќе биде квалификуван како неприфатлив трошок, бидејќи не е направен за целите дефинирани во Мултилатералната спогодба.

Како резултат, Еуроконтрол ќе изврши финансиска корекција на одобрената тарифа.

Буџетот на М-НАВ ќе биде намален за износот на неправилно потрошените средства“.

Толку за „нормално“.

На лагата и се кратки нозете.

Кој лаже, тој краде. Народот тоа веќе го знае, Ханс Христијане!