Соопштение за јавност
Антикорупциската комисија јасно предупреди: законите донесени по скратена постапка што ги заобиколуваат системските закони се висок ризик од корупција.
Мицкоски оди чекор понатаму.
Сака да го легализира грабежот. Модел исти како кај Вучиќ со Експо 2027.
Сè е copy-paste. Дури и законите за легализација на корупцијата.
Повеќе не му е гајле за Европа. Сè блокираше.
Нема реформи – само изолација.
А кога нема контрола, може и закони што ги заобиколуваат системските правила.
Како што му го вратија Законот за судски совет што го претставуваше како „реформски“, како што Европската комисија во извештајот јасно порача дека целосно се меша во правосудството – сега јавно ја легализира корупцијата.
По речиси осум месеци од пријавите на АКТ на СДСМ за криминални тендери – нема одговор.
Освен одговорот дека „таткото не му е татко“.
Потполна криминализација на државата под режија на Мицкоски и неговата организирана криминална група ВМРО.
Сè по углед на сестринската партија во Белград и последниот диктатор на Балканот – Вучиќ.


