Орце, кој го отру Вардар? Скопје сака да знае

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Кој го отру Вардар? Со денови нема одговор. Наместо одговор – дрон и Орце како се слика дека се грижи за граѓаните.

Лепенец и Вардар бели од пена.

Орце со дрон од воздух ја испитувал водата, а сè уште немаме одговор кој ја отрул.

Кого штити Орце?

Кога граѓаните на Скопје ќе дознаат кој ја отру водата?

Кој е виновен што Скопје е како депонија – тоа го знаеме. Орце.

Кој купи автобуси од Орбан 1,2 милиони евра поскапо – тоа го знаеме. Орце.

Кому му треба закон за легализација на криминал и корупција за Скопје 2028 – тоа го знаеме. Орце и Мицкоски.

Кој ги загадил Лепенец и Вардар – не знаеме. Орце знае.

Организираната криминална група ВМРО се занимава само со своите тендери, а не со здравјето и подобриот животен стандард на граѓаните на Скопје и Македонија.

Скопје бара одговор.

Денес.